Илија Јованоски: Пожарот кај Зрзе е ставен под целосна контрола

Илија Јованоски: Пожарот кај Зрзе е ставен под целосна контрола

Пишува: Зоран Милошески

Пожарот кој трет ден гореше на потегот од село Рилево па сѐ до близина на манастирот кај село Зрзе, општина Долнени, денеска е конечно изгаснат.

Покрај припадниците на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп, во акцијата за гаснење на пожарот се вклучија и авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, како и поголем број вработени од прилепските јавни претпријатија.

Информацијата ни ја потврди градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски кој во текот на вчерашниот и денешниот ден, исто како и синоќа, се наоѓаше на терен кај манастирот во село Зрзе. Токму на негово барање, во гаснењето на пожарот се вклучија и авионите за гаснење пожари.

„Со огромно залагање на пожарникарите од ТППЕ во Прилеп, на поголема група вработени во Тутунскиот Комбинат и јавните комунални претпријатија од Прилеп, но се разбира и со огромната помош на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во попладневните часови пожарот беше изгаснат. Поради интензитетот кој го доби пожарот, како и непристапниот терен, постоеше опасност тој да се приближи до манастирот ‘Св.Преображение’ во непосредна близина на село Зрзе. Од тие причини побарав помош и од Владата, после што со договор и дозвола на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, веднаш беа испратени авионите за гаснење пожари. Во моментов се наоѓам во манастирот „Св.Преображение’, заедно со владиката Климент и можам да потврдам дека пожарот е целосно ставен под контрола, а манастирот безбеден“, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Заради превенција од повторно разгорување на пожарот, екипи од ТППЕ Прилеп и од јавните претпријатија, ноќеска ќе останат да дежураат на теренот каде во изминативе денови беснееше огнената стихија.

Прочитајте повеќе

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Додека за Трамп на судењето во случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс станува сѐ понепријатно, …