Какви стручњаци навистина ѝ требаат на Германија?

Какви стручњаци навистина ѝ требаат на Германија?

На Германија и` недостасуваат околу два милиони професионалци, иако во исто време има над два и пол милиони невработени. Во кои области недостасуваат најмногу стручњаци?

На германската економија не и оди толку лошо: ерата на пандемијата се чини дека е веќе заборавена, војната во Украина и дополнителните трошоци веќе некако се интегрираа во деловното работење, нема страв за судбината на локалните банки… Но, економските експерти и институти постојано укажуваат на најголемиот проблем:  демографијата и недостигот на стручњаци.

Според податоците на Институтот за германска економија (ИВ) од Келн, побарувачката е нешто помала, но се уште е на „високо ниво“. Во извештајот на Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) се наведува дека во 2022 година имало „уште  поголем недостиг“ на стручни кадри.

Штефан Хардеџ од ДИХК за ДВ вели дека тоа е „проблем што во меѓувреме постои во цела низа сектори. Засегнати се сосема различни занимања“.

Сабине Кене-Финстер од Келнскиот институт особено го нагласува  недостигот на вработени во социјалните служби,нема доволно воспитувачи, но и негувателки и друг медицински персонал. Правилото е дека – колку се пообразовани кадрите – толку е поголема потребата за нив.

Но, не е така едноставно: иако 25.000 чистачки бараат работа, особено академиците од општествените науки, по правило, тешко ќе најдат работа. Во Заводот за вработување во март имаше речиси 57.000 различни видови стручњаци. Ниту на уметниците не им е лесно – во Заводот за вработување во моментов се пријавени околу 40.000 уметници.

Дури и 50.000 информатичари бараат работа 

Исто така често се слуша дека на Германија и` недостасуваат добри мајстори. Зависи каде се бара работата и за која професија се работи.

Штефан Хардеге од Германската индустриска и трговска комора (ДИХК) објаснува дека „често излегува дека квалификациите на невработените не се совпаѓаат со квалификациите што ги бараат компаниите“.

Дополнително, неговиот впечаток е дека особено младите веќе не можат да замислат живот во кој секојдневно ќе поминуваат по осум часа на работа. Тој додава и дека работодавачите се подготвени да направат многу отстапки за да ги привлечат стручњаците кои им се потребни, а висината на платите не е најголемиот проблем.

информатичар
Се бараат информатичари, но многумина сè уште не можат да најдат работаФотографија: DW/Sven Falge

И покрај тоа што многу се зборува за побарувачката на експерти во ИТ секторот, според статистиката на германската Агенција за вработување, работа бараат околу 50.000 информатичари. Со оглед на тоа што може да се слушне во медиумите или од надлежните, изгледа неверојатно дека за вработување чекаат и околу 13.000 медицински сестри и 6.000 негувателки на стари и изнемоштени лица. Околу 95.000 луѓе од медицинските професии бараат работа во Германија.

Промени  

Секако, статистиката на Заводот за вработување не зборува за мотивацијата на барателите на работа, а Кене-Финстер истакнува дека премалку внимание се посветува на развојот на целиот работен свет: „Треба малку да погледнете: како се сменија работните места? Дали има други работни места кои би можеле да бидат слични? Може ли да се преквалификувам и на тој начин да помогнам да се намали недостигот од стручни лица?“.

медицински лица
Се бара медицински персонал, но и такви кадри има многу во Заводот за вработувањеФотографија: Marijan Murat/dpa/picture alliance

Тоа е особено видливо во делот на статистиката на бирото за вработување за речиси 193.000 невработени на „работни места во менаџмент на компанија или организација“, бидејќи има и 117.000 секретарки и канцелариски работници. Во логистика и складирање има и околу 40.000 невработени, работа бараат и речиси 20.000 фризери, а голем проблем е и во трговскиот сектор каде има над 200.000 невработени.

Но, некои детали во статистиката на Заводот за вработување е навистина тешко да се објаснат. Сабине Кене-Финстер од Институтот за германска економија во Келн укажува на недостаток на стручњаци за транспорт, особено машиновозачи. Може да се слушне и дека е „невозможно“ да се најде возач за јавниот превоз. Истовремено, на бирото за вработување има околу 160.000 возачи, повеќето за товарни возила.

Не постои едноставно решение 

Дали експертите од странство ќе помогнат да се намалат неволјите на германската економија? Нашите соговорници ги фалат напорите на германската влада која со новиот закон за имиграција се обидува да го олесни доаѓањето на странски експерти.

Штефан Хардеж, сепак, предупредува дека „не смееме да заборавиме“ на човечкиот потенцијал на оваа земја – на крајот на краиштата, има жени кои можеби ќе бидат среќни да преземат некоја „машка“ работа. А, со оглед на демографијата, тешко дека ќе може да се заборави и на постарите работници. Според него, потребни се и странски експерти и германски работници: „Само едно од овие решенија нема да биде доволно со оглед на демографијата“.

Во секој случај, пред некој воопшто да замине во оваа земја, не е лошо да ја погледне статистиката на германскиот Завод за вработување, каде што точно може да се види кои стручњаци навистина се бараат.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …