Канада: Еден од осомничените убијци најден мртов

Канада: Еден од осомничените убијци најден мртов

По серијата напади со нож во Канада со најмалку десет мртви, еден од осомничените напаѓачи е пронајден мртов. По вториот, негов брат, уште се трага.

Како што соопшти полицијата од провинцијата Саскачеван синоќа, телото на кое имало видни повреди било откриено во едно од местата во кои се случиле  смртоносните напади.

Вториот осомничен, брат на пронајдениот мртов напаѓач, сеуште се наоѓа во бегство, а мотивот за крвавите дела не е познат.

„Телото на 31-годишниот Дамјен Сандерсон е пронајдено на отворено, во близина на една куќа во која полицијата вршела претрес. Не можеме со сигурност да кажеме како загинал Дамјен, но можно е да бил убиен од својот брат, Мајлс Сандерсон, кој исто така можеби е ранет“, изјави полициската службеничка Ронда Блекмор.

Полцијата издаде предупредување за претпазливост до жителите во регионот. „Мајлс Сандерсон е класифициран за многу опасен, неговите постапки покажаа колкав е неговиот степен на насилност“, истакнала Блекмор.

Според полицијата, по Мајлс Сандерсон била издадена потерница уште во мај, меѓу другото, тој бил осуден на пет години затвор поради кражба.

Нападите со ножеви, кои се случија на 13 различни локации во домородната заедница Џејмс Смит Кри Нација и во кои покрај десет убиени има и 18 ранети лица, спаѓа во  едно од најтешките злосторства во Канада  во последните години.

Најголем дел од жртвите во нападите со нож се домородни жители, кои сочинуваат околу пет проценти од вкупното население од 38 милиони луѓе во државата. Многу од домородните жители живеат во заедници во кои често се погодени од сиромаштија и невработеност.

Населението на засегнатиот регион во Саскачеван се наоѓа во шок.

Канадскиот премиер Џастин Трудо со жалење констатираше дека смртоносните напади  стануваат премногу секојдевни. „За овој вид на насилство нема место во нашата земја“, порача тој вчера во видео обраќање до граѓаните.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Орбан

Пресметка со Орбан во Европскиот парламент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан беше во Стразбур за да зборува за претседавањето на неговата земја …