Sarah Mace

Предновогодишна концертна бајка на Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола

Предновогодишниот период е секогаш резервиран за убави нешта, а 18.12.2023 година е дефинитивно датум резервиран за нова предновогодишна концертна бајка, со Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола

Под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски, концертот ќе донесе комплетна новогодишна еуфорија во Македонска Филхармонија, а и ќе ја оживее премиерата на една поинаква зимска концертна приказна, насловена како „Jingle Bells Symphony“.

Sarah Mace

Концертот ќе започне во 20:00 часот и ќе вклучува нови аранжмани за оркестар и пет уникатни женски вокали. Публиката ќе има прилика да ужива во изведбата на светски најпопуларните Божиќни песни, како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“ и многу други.

Овој бајковит музички репертоар ќе биде отпеан од исклучителните вокали на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, зачинет со звуците на маестралните музичари од Камерниот оркестар на Битола.

Не пропуштајте ја зимската концертна магија, која ќе се вреже длабоко во секое сеќавање и ќе ви пружи задоволство на сите сетила.

Прочитајте повеќе

Пластика Ѓубре

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

Пластиката е една од најголемите закани за луѓето и биодиверзитетот, присутна е во секоја животна …