Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски денеска одржа состанок со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан.
На средбата се разговараше за можностите за финансирање на инфраструктурни проекти кои ги нуди чешката амбасада, но и за соработка во областа на културата.
„Амбасадата на Чешката Република нуди неколку можности кои како општина можеме да ги искористиме. Имаме изработено околу 30 проекти и се надеваме дека некој од нив ќе се најде на приоритетната листа на финансирање на Амбасадата. Но, со амбасадорот Томан се знаеме од порано, односно од бизнис форумот во организација на Чешката амбасада, каде што ги воспоставивме првите контакти и се надеваме дека и од тој настан ќе произлезат позитивни нешта за приватниот сектор во Крушево“, изјави по средбата градоначалникот Христоски.