Македонија

Вести и новости од Македонија.

Подготовки за уставните измени: Министерство за правда бара членови за работната група

еу мк

Почнаа подготовките за уставните измени. До 10 април е рокот за номинирање на претставник во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за правда. „Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски: Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, можност Северна Македонија да биде на сообраќајната и економската карта на Европа

Ковачевски: Коридорот 8

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Тетово присуствуваше на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан. Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на …

Прочитајте повеќе »

Кривичниот суд контра Апелација: Да се истражи зошто предметите застаруваат

кривичен суд

Основниот Кривичен суд од Скопје денеска излезе со соопштение, во кое се изразуваат критики во однос на работата на Апелацискиот суд, а откако повеќе судски предмети против високопрофилни лица застареа или пак беа вратени на повторно постапување. Првостепениот суд во писмото ги повикува медиумите и стручната јавност да анализираат каде …

Прочитајте повеќе »

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“, Основниот Кривичен суд во Скопје му изрече казна затвор од 3 години и 1 месец, а тој доби забрана од 10 години да регистрира веб-портал во земјава. Со првостепената пресуда, престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени на негово име. …

Прочитајте повеќе »

Одлуката за повисоки плати на функционерите виси во воздух

Одлуката за повисоки плати на функционерите виси во воздух

Владата треба да „пресече“ дали ќе се применува одлуката на Уставен суд, кој ќе биде опфатен со неа и колку средства ќе се одлеат од буџетот за 78% повисоки плати за функционерите. Одлуката дали ќе се стопира зголемувањето на платите на функционерите за 78 проценти во услови на длабока криза, сѐ уште виси …

Прочитајте повеќе »

Укината пресудата за организаторите за упадот во Собранието на 27 април

Укината пресудата за организаторите за упадот во Собранието на 27 април

Апелациониот суд Скопје информира дека ги уважил жалбите на обвинетите Владимир Атанасовски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и ја укинал првостепената пресуда за предметот „Организатори на 27 април“. Апелациониот суд Скопје, во врска со кривичниот предмет „Собрание“ информира дека ги уважил жалбите на обвинетите Владимир Атанасовски, Трајко Вељаноски, …

Прочитајте повеќе »

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар и од ноќеска на бензинските станици ќе чини 83 денари за литар. Од ноќеска, цената на дизел горивото се намалува за еден денар, а цената на бензините се зголемува за половина, односно за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за …

Прочитајте повеќе »

Владата ги замрзна цените на дел од земјоделските продукти

производи маркет цени

Со замрзнувањето на цените, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот 55 денари за килограм. Владата од 5 април па до крајот на месецот ги замрзна цените на доматите, свежите …

Прочитајте повеќе »