Македонија

Вести и новости од Македонија.

Американски војници на „Криволак“ со хеликоптери вежбаа со припадници на АРМ

Американски војници на „Криволак“ со хеликоптери вежбаа со припадници на АРМ

Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот „Криволак“ се користи од страна на армиите на сојузничките земји и партнери. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот „Black Hawk“ на копнените …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски: Инициравме законски измени со кои ставивме крај на 15-годишниот проблем на пациентите со цистична фиброза

Ковачевски: Инициравме законски измени со кои ставивме крај на 15-годишниот проблем на пациентите со цистична фиброза

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција објасни дека со законските измени за набавка на лекови кои се произведуваат од еден производител, односно кога станува збор за патентиран лек, се решава децениски проблем на пациентите со цистична фиброза и ретки болести. Лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза …

Прочитајте повеќе »

Крушево е „Град на културата“ за 2023 година

Крушево

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучила комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот биле пријавени и општините Струга и Маврово-Ростуше. „По извршената евалуација на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена …

Прочитајте повеќе »

Лога: Подготвуваме нов допис за екстрадиција на Груевски

Лога: Подготвуваме нов допис за екстрадиција на Груевски

Во образложението за екстрадиција, навел Лога, ќе пишувало дека казната Груевски ќе ја одлежува во хашките ќелии кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил азил со образложение дека Северна Македонија нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици. Кренар Лога, министер за правда, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски на средба со членови на Кнесетот на Израел: Поддршка за политиките на дијалог и разбирање и заеднички определби кон мирот и стабилноста во светот

Ковачевски на средба со членови на Кнесетот на Израел: Поддршка за политиките на дијалог и разбирање и заеднички определби кон мирот и стабилноста во светот

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со делегација од Кнесетот на Државата Израел во состав: Хамад Амар, претседател на парламентарната групата за пријателство и соработка меѓу Државата Израел и Република Северна Македонија, Тсега Мелаку, член на парламентарната група и Дор Каидар, координатор за меѓународна соработка на Кнесетот, во придружба …

Прочитајте повеќе »

„Физичка активност и дијабетес“, едукативно предавање на Здружението на лица со дијабетес

„Физичка активност и дијабетес“, едукативно предавање на Здружението на лица со дијабетес

Здружението на лица со дијабетес „Сина Револуција“ од Прилеп, во соработка со БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија и во координација на Сојузот на здруженија на дијабетичари, синоќа организираше предавање на тема „Физичка активност и дијабетес“. На предавањето беше акцентирана важноста од правилната физичка активност, како и …

Прочитајте повеќе »

Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто

Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. „Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет …

Прочитајте повеќе »

Борбата против корупцијата во фокус на средбата Пендаровски-Нефју

Борбата против корупцијата во фокус на средбата Пендаровски-Нефју

Актуелни теми врзани со борбата против корупцијата и напорите на државата за воспоставување на ефикасен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси. За ова денеска разговарале македонскиот претседател Стево Пендаровски и Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот …

Прочитајте повеќе »