Македонија

Вести и новости од Македонија.

Заев: Со Бугарија треба да постигнеме согласност дека станува збор за два различни народа со заеднички делови од историја

Заев: Со Бугарија треба да постигнеме согласност дека станува збор за два различни народа со заеднички делови од историја

„Прво треба да најдеме решение со Бугарија билатерално и тоа е патот“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Канал 5 и додаде дека договорите со Грција и Бугарија ги постигнавме билатерално, а потоа на сцена да стапи ЕУ да ни го испорача тоа што го заслуживме. „Јас велам дека …

Прочитајте повеќе »

Премиерот Заев од Битола: Инвестираме во стабилен енергетски систем

Премиерот Заев од Битола: Инвестираме во стабилен енергетски систем

„Инвестициите во енергетската мрежа се од голема важност за целиот електроенергетски систем и имаат директно влијае на пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата од овој регион, за малите претпријатија како и за големите индустриски капацитети“, рече премиерот Зоран Заев по повод денешното пуштање во употреба новиот …

Прочитајте повеќе »

Лукаревска: Анализа на податоците од поднесени барања за враќање на финансиската поддршка односно претворање во грант

Лукаревска: Анализа на податоците од поднесени барања за враќање на финансиската поддршка односно претворање во грант

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за анализата што ја направи Управата за јавни приходи, од поднесените барања за пресметување на износот за враќање на финансиската поддршка односно нејзино претворање во грант. Таа истакна дека мерката финансиската поддршка на работодавачите за исплата …

Прочитајте повеќе »

Анкета на „Социетас Цивилис“: 34 отсто од испитаниците не би се вакцинирале против ковид-19

Анкета на „Социетас Цивилис“: 34 отсто од испитаниците не би се вакцинирале против ковид-19

Оолу 34 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ одговориле дека не би се вакцинирале против ковид-19, а 16 отсто не донеле одлука дали сакаат или не сакаат да се вакцинираат. Останатите 50 отсто изразиле подготвеност да се вакцинират, кога им било поставено прашање дали би …

Прочитајте повеќе »

За еден месец одложен почетокот на чистењето на депониите и ѓубриштата во Источен и Североисточен регион

Пластика Ѓубре

Наместо кон крајот на март, чистењето на нестандардните депонии и ѓубриштата лоцирани во општините од Источниот и Североисточниот плански регион ќе започне со задоцнување од еден месец. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ објаснуваат дека активноста доцни затоа што во првата тендерска постапка не била избрана компанија …

Прочитајте повеќе »

Соопштение за Меѓународен ден на Ромите

Соопштение за Меѓународен ден на Ромите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РСМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2021 година (четврток), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на …

Прочитајте повеќе »

Затвореник од „Идризово“ 7 месеци по телефон глумел директор: Измамил 7 лица за над 5.100 евра

Затвореник од „Идризово“ 7 месеци по телефон глумел директор: Измамил 7 лица за над 5.100 евра

Затвореник од скопскиот затвор „Идризово“ седум месеци преку мобилен телефон се јавувал на различни лица, лажно се претставувал како директор и успеал да измами седум лица и да причини материјална штета од околу 315.000 денари (над 5.100 евра), информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „СВР Тетово поднесе кривична пријава …

Прочитајте повеќе »

61 седница на Владата: Донесена одлука за кризна состојба на дел од територијата, одобрена прераспределба на средства за капитални проекти во образованието

61 седница на Владата: Донесена одлука за кризна состојба на дел од територијата, одобрена прераспределба на средства за капитални проекти во образованието

Владата на Република Северна Македонија на денешната 61 седница ги разгледа и усвои Записникот од седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 1 април 2021 година, со Записник од седницата на Групата за процена, одржана исто така на 01.04.2021 година и …

Прочитајте повеќе »