Македонија

Вести и новости од Македонија.

Независниот кандидат за градоначалник во Штип, Трајче Митев во трка по потписи за кандидатурата

Независниот кандидат за градоначалник во Штип, Трајче Митев во трка по потписи за кандидатурата

На независниот кандидат за градоначалник, Трајче Митев му требаат уште седумдесетина потписи до потребните 250, кои треба да ги собере до ноќеска до полноќ. Тогаш истекува законскиот рок, до кога листите на групи избирачи имаат можност да собираат потписи, а со тоа да влезат во трката за градоначалник на претстојните …

Прочитајте повеќе »

Охрабрувачки резултати од вакцината на Оксфорд, создава силен имунолошки одговор и кај постарите лица

Охрабрувачки резултати од вакцината на Оксфорд, создава силен имунолошки одговор и кај постарите лица

„АстраЗенека“, која е партнер во истражувањето на вакцината против ковид-19 на Универзитетот Оксфорд, објави дека оваа вакцина создава имунолошки одговор и кај млади и кај стари лица, а несаканите реакции се помали кај постарите. „Охрабрувачки е што имунолошките одговори се слични и кај постарите и кај помладите лица. Несаканите реакции …

Прочитајте повеќе »

Тунтев: Загубите од ковид-19 се евидентни, авиосообраќајот ќе ги достигне минатогодишните бројки во 2023 година (видео)

Тунтев: Загубите од ковид-19 се евидентни, авиосообраќајот ќе ги достигне минатогодишните бројки во 2023 година (видео)

Двата аеродроми во земјава можеа да го дочекаат 3 милионитиот патник до крајот на годинава да не беше пандемијата на ковид-19. Евидентна е финансиската загуба во сите сегменти од авиоиндустријата, а предвидувањата на Агенцијата за цивилно воздухопловство се дека нивниот годишен буџет до крајот на годинава ќе биде преполовен поради …

Прочитајте повеќе »

Филипче изрази загриженост за ситуацијата со ковид-19 и очекува по итна постапка носење на сите мерки

Филипче изрази загриженост за ситуацијата со ковид-19 и очекува по итна постапка носење на сите мерки

Министерот за здравство Венко Филипче изрази загриженост поради состојбата со ковид-19 и уште еднаш апелираше итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. „Регистрираме рекордни 30 проценти позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот …

Прочитајте повеќе »

Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна …

Прочитајте повеќе »

Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во текот на утрешниот ден повторно ќе има сончево време со мала облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. …

Прочитајте повеќе »

На Европскиот ден на правдата, пораки да се обезбеди ова човеково право за сите граѓани во земјава

На Европскиот ден на правдата, пораки да се обезбеди ова човеково право за сите граѓани во земјава

Европскиот ден на правдата се одбележува на 25 октомври, со цел да го приближи пристапот до правда на граѓаните, да ги информира за нивните права и да ја промовира работата на Советот на Европа и Европската комисија на ова поле. Оваа година овој ден се одбележува во услови на пандемијата …

Прочитајте повеќе »

Општините во земјава повторно тонат во долгови

Општините во земјава повторно тонат во долгови

Вкупниот износ на пријавени обврски на единиците на локалната самоуправа во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврски во Министерството за финансии со состојба на 31.12.2019 година изнесува 3,3 милијарди денари (53,7 милиони евра), открива Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Извештајот на усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија …

Прочитајте повеќе »