Министерство за правда: Судскиот совет не презема мерки за претседателката на кумановскиот суд за злоупотребите на АКМИС-от

Министерство за правда: Судскиот совет не презема мерки за претседателката на кумановскиот суд за злоупотребите на АКМИС-от

Во објавениот извештај се наведени злоупотреби на АКМИС системот и исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети. Работната група констатирала и долго траење и одолговлекување на постапката, неуредно и неажурно верификување на предметите

И покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот, информираа денеска од Министерството за правда.

Од таму појаснуваат дека Судскиот совет на 1 февруари годинава бил во работна посета на Основниот суд Куманово и подготвил извештај каде, како што велат, се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недискриминација, користење несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д. претседателот на судот, како и злоупотреба на АКМИС системот.

Министерот за правда Кренар Лога во април испратил писмен допис до Судскиот совет во кој побарал преземање мерки по однос на констатираните наводи.

Во јавно достапниот Извештај се наведени и злоупотреби на АКМИС системот, исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети. Работната група констатирала и долго траење и одолговлекување на постапката, неуредно и неажурно верификување на предметите во АКМИС системот.

„Одговор не беше добиен,по што министерот за правда Кренар Лога на 22 јуни испрати повторно до Судскиот совет УРГЕНЦИЈА за постапување по барањето за состојбите констатирани во Извештајот. Од изнесените 8 точки, 7 се однесуваат на состојбите во судот за констатирани нарушени меѓучовечки односи и некоректен однос на в.д. претседателот на судот кон одредени вработени. На 29 јуни од страна на заменик претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели доставен беше одговор дека е изготвен дополнителен извештај кој е потребно да се разгледа на седница на Судскиот совет по што ќе нè информираат за констатираната состојба“, велат од Министерството за правда.

Институцијата го повикува Судскиот совет да постапи согласно своите надлежности, додавајќи оти неказнувањето на вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството.

Прочитајте повеќе

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Додека за Трамп на судењето во случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс станува сѐ понепријатно, …