Министерство за здравство со забрана: Нема МРП вакцина – нема градинка

Министерство за здравство со забрана: Нема МРП вакцина – нема градинка

Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на ниво на Скопје, поради 12 нови случаи.

Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата денеска порача дека шест од новите случаи се потврдени преку лабораториски анализи, а за другите шест случаи анализите се очекуваат утре.

Министерството донесе и забрана за носење во градинка на деца кои не примиле МРП вакцина (за морбили, рубеола и паротитис), соопшти министерот Филипче.

– Сите нови случаи се невакцинирани лица со МРП вакцината. Затоа е прогласена епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките – изјави Филипче.

Во Скопје 15.000 деца се невакцинирани од морбили. Филипче вели дека со повиците за вакцинирање, од тие 15.000, само 310 деца биле однесени на вакцинација, што според него, е многу мала бројка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …