Мицкоски под истрага на Антикорупциската комисија

Мицкоски под истрага на Антикорупциската комисија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е под истрага на Антикорупциската комисија, откако за него беа отворени две постапки. Едната е за концесија на државно земјиште од 33 илјади метри квадратни, како и изградба на хидроцентрали и концесија за користење води која ја добила фирмата „Енерготек“ ДОО Скопје, која е во сопственост на Мицковски, но и на поранешен висок функционер од Министерството за транспорт и врски.

Антикорупционерите ќе истражуваат и дали имало прекршување на законите, кога во исто време Христијан Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на екс премиерот Никола Груевски. Истрагите се по допрен глас од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Денеска Антикорупционерите одлучија дека ќе побараат од ЕЛЕМ да се преиспита вработувањето на синот на Тахир Хани, заменик генерален секретар во Владата. Според Антикорупциска, во овој случај има сериозни индиции на непотизам.

„Одговорното лице од ЕЛЕМ да ја испита потребата од ангажирање на лице преку агенција за привремено вработување, бидејќи лицето го ангажирал на систематизирано работно место за кое треба да спроведе целосна постапка за вработување“, рече Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Од претходно отворени постапки за вработени роднини на функционери, амбасадори, судии,  денеска спомати беа ќерката на судиката Елена Гошева – Бојана Гошева вработена во АЕК, Љубенчо Јанушев – татко на Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ, Јелица Милошовски и Станко Коруновски кои се вработени во ЈП „Водовод“ односно  Централен регистар, братучеди на Антонио Милошоски. Овие вработувања и неколку останати, биле пред десетина години и антикорупциска ги затвори како неосновани за понатамошна истрага, иако е утврдено значително сомневање и злоупотреба на службената положба. За актуелните функционери каде беше констатиран непотизам, Ивановска вели дека се бара одговорност од оние кои ги примиле на работа, односно директорите на државните фирми.

„Ние побаравме одговорност од одговорните лица. Тој што дозволил да има влијание, тој што го ставил потписот, тој е одговорното лице. Може вас било кој да ви кажува и да ви влијае, но ваше е дали ќе го прифатите тоа влијание или нема. Прекршокот го прави тој што дозволил да има влијание. А тоа е службеното лице“, додава Ивановска.

Освен за непотизам Антикорупциска денеска постапуваше и по поднесени претставки од ВМРО – ДПМНЕ за злоупотреба на државна сопственост од страна на кандидатот подржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Претставките беа за користење на службени возила, деловни простории, но и градежни активности во делот на патната инфраструктурата во екот на кампања. Истрагата на Антикорупциска не покажала прекршување на ниту еден закон.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …