МО: На Криволак не се користел осиромашен ураниум и нема да се користи

МО: На Криволак не се користел осиромашен ураниум и нема да се користи

Министерството за одбрана денеска се огласи со демант на тврдењата на социјалните мрежи од вчера и денеска дека на воениот полигон Криволак се испукувале и проектили со осиромашен ураниум.

Шпекулациите почнаа вчера, откако беше соопштено дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваше на вежба на хеликоптерски единици за копнена поддршка од САД. Притоа бргу се проширија шпекулации дека се користат ракети и бомби со осиромашен ураниум.

Тоа не е вистина, велат од МО.

„Министерството за одбрана најодговорно тврди дека ниту сегашните, а ниту идните обуки и тренинзи на нашите партнери од НАТО на полигонот Криволак не се од било каква опасност по здравјето на граѓаните, ниту ќе се користат бомби со осиромашен ураниум. Ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за претстојниот референдум. Граѓаните да бидат спокојни, членството на Македонија во НАТО носи единствено поголема безбедност и сигурност за нашата земја“, порачаа од министерството.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …