Иван Момчето што се спаси од морските длабочини

Момчето што се спаси од морските длабочини благодарение на детска топка излезе од болница

Триесет годишниот Иван кој од длабочините на Егејското Море кај Халкидики се спаси благодарение на изгубена детска топка денес се чувствува добро и е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, објави грчкиот портал Protothema.

Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.

Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација. Иван, одговарајќи на прашањата на грчките новинари рече дека со морските бранови се борел околу 20 часа.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

„Немаше да ја има оваа крв да беше сè по закон“, „Ќе го решиме и …