МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец 04/2020 година:

Гарантиран детски додаток
Детски додаток
Посебен додаток за месец 05/2020
ЕПП за новороденче
Родителски додаток за трето дете
Родителски додаток за четврто дете
Единствен родителски додаток
Образовен додаток – Студирање
Гарантирана минимална помош ГМП
Туѓа нега
Постојана парична помош
Еднократна парична помош
Мобилност и слепило
Цивилна инвалиднина
Социјално домување
Социјална сигурност- социјална пензија
Азиланти домување
Парична помош за згрижувач
Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Исплатата на правата на парична помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред, според почетната буква од презимето и тоа:

– 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)
– 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)
– 06.05.2020 (среда) исплата за Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)
– 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.
Корисниците на права од социјална и детска заштита кои користат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, паричните средства можат да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 04.05.2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијали и експозитури на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …