МЗ: Петчлена Комисија ќе утврдува пропусти во болницата во Струга за третманот на родилката Јалдз Веапоска

МЗ: Петчлена Комисија ќе утврдува пропусти во болницата во Струга за третманот на родилката Јалдз Веапоска

Денеска министерот за здравство Венко Филипче донесе решение за формирање петчлена Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ Општа болница Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јалдз Веапоска. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.

„Министерот Филипче, бара од Комисијата, извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата формирана од Филипче, треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пациентот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или пропусти и рокови за нивно отстранување“ стои во дописот на Министерството за здравство.

Претходно Платформата за родова еднаквост побара детална истрага и одговорност за случајот со родилката, бидејќи како што велат, сведоштвото на Веапоска укажува на негрижа и непостапување на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и кршење на законите во државата. Тие потенцираат дека не станува збор за изолиран случај, туку системски проблем кој се провлекува со години.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …