МЗ: Во тек е трансплантација на срце и бубрези од починат донор на клиниките за Кардиохирургија и Урологија

МЗ: Во тек е трансплантација на срце и бубрези од починат донор на клиниките за Кардиохирургија и Урологија

Министерството за здравство информира дека утрово на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор. Во тек е трансплантацијата на срце и бубрези, која се одвива по интензивните подготовки во текот на ноќта. Станува збор за 42-годишна пациентка која ја загубила битката со животот, а нејзината последна желба била да ги донира своите органи.

„Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои се на дијализа“, велат од Министерството за здравство.

Почнувајќи од мај 2020 година до сега, во земјава извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво, информираат од ова министерство.

„На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија, им посакувам успешна работа. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, целиот медицински тим, Министерството за здравство изразуваат сочувство до семејството на 42-годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …