На Светското првенство во куглање, нашиот Архан во финалето го освои 8-то место

Архан Арслановски, куглар и ученик од средното училиште „Таки Даскало“ од Битола се пласираше во финалето на Светското првенство по куглање, информираат од Кугларската федерација на Македонија. Во машкото финале, Архан се пласираше на 8-то место со резултат 516 (148).

И младата Стефанија Алексовска од Битола настапуваше на Светското првенство по куглање, каде со резултат 553 го освои 12-то место, но не успеа да се пласира во финалето за да се натпреварува за медал.

Во категоријата комбинација мажи, Архан се пласираше на 9-то место на Светскиот Куп, додека во комбинација жени Стефанија се пласираше на 12-то место на Светскиот Куп. Како нација, на Светското првенство сме со вкупни резултати на 12-то место пред Италија и Естонија, информираат од Кугларската федерација.

„Факт е дека македонското куглање во наредните 3-5 години ќе се бори да фати чекор со кугларските нации, во сите возрасни категории. Напорите кои се правеа во овој период беше да им се овозможи можност за настап на најмладите во ситуација кога кугларската федерација е во клиничка смрт цела деценија. Без многу силен ентузијазам овој исход ќе беше невозможен. Вложувањето во најмладите е неопходно за нивно кугларско зреење ако сакаме да имаме квалитетна сениорска репрезентација“, изјави по натпреварувањата Игор Михајловски, селектор на младински категории.

Прочитајте повеќе

Три медали за џудистите на ЏК „Сеишин“ на меѓународниот турнир во Никшиќ, Црна Гора

Денеска во Никшиќ, Црна Гора, се одржа меѓународен турнир во џудо „Трофеј Никшиќ – 2022″. …