НАЧАЛНИКОТ МИЈАЛКОВ И ВОАЈЕРОТ БАТЕ САШЕ

НАЧАЛНИКОТ МИЈАЛКОВ И ВОАЈЕРОТ БАТЕ САШЕ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години

Неопходен е надзор на родител или старател

„Нашите политички, воени и економски лидери се одговорни за своите постапки. Почнете од локално ниво и гласајте за оние кои ги застапуваат вистинските интереси во градското или во општинското собрание. Обрнете внимание на луѓето што се кандидираат. Читајте ги нивните изјави „меѓу редови“ и споредете го она што го велат со она што во реалноста го прават. Со истото внимание избирајте ги и претставниците на федерално ниво. Направете вашиот глас да стане важен. Вратете ја вистинската демократија за која се залагаше таткото на нацијата Абрахам Линколн: владеење на народот во име на народот и во корист на народот“.

„Клубот Билдерберг“, Даниел Естулин

Секој народ кој барем малку држи до себе и до своето достоинство, после вчерашното обелоденување на истрагата на СЈО со име „Таргет“, ако ништо повеќе, ќе излезеше на мирен протест пред УБК или пред седиштето на ДПМНЕ. Бидејќи она што го презентираа обвинителките од СЈО се граничи со лудило. Оти ниту еден нормален човек не може без причина и без налог за спроведување на посебни истражни мерки да нареди незаконско прислушување на најмалку 5.817 телефонски броеви. А според логиката на нештата, кога кон нив ќе се додадат и броевите од другиот телефонски оператор, вкупната бројка ќе биде неколкукратно зголемена.

Секогаш кога ќе му се присакало на директорот на УБК да слушне што зборуваат политичарите, бизнисмените, новинарите, граѓаните… им наредувал на своите гавази со едно стегање на „recording“ да му овозможат да влезе во нашата најдлабока интима. И така тоа траело со недели, месеци, а некаде богами и со години. По примерот на Доктор Џекил и Мистер Хајд, Началникот Мијалков се претворал во Војаерот бате Саше. Грозно. Болно. Манијакално.

Дел од животот на стотици илјади граѓани поминал низ увото на Началникот. Без да знаеме, Началникот бил со нас во канцелариите, редакциите и спалните соби. Постои ли поголема причина и посилен мотив од овој за да го дигнеме гласот против психопатите со привремена адреса на живеење во зградата на „Илинденска“ и во некои други државни институции од каде управуваат со нашите животи?

„Нападот врз основните човекови права е најсилниот удар врз демократското општество. Сега е на ред таквото општество да возврати, рече вчера харизматичната и храбра Фатиме Фетаи, завршувајќи го својот дел од работата на пресот на СЈО.

Основата на едно општество, на една држава, ја чинат институциите. А тие, во оваа и ваква Македонија, речици една деценија функционираат под секое елементарно ниво на професионалност. Окупирани од мафијашкото злосторничко здружување, исплашени за сопствената егзистенција и кариера државните чиновници комплетно се ставија во функција на желбите и потребите на Фамилијата. Или да бидам поконкретен, со оглед на тоа што и внатре во самата Фамилија имало двочлена „суперфамилија“ која ги контролирала и снимала сите останати членови на „братството“, доаѓаме до поразителниот факт дека Македонија била еден обичен феуд во кој двајца (не)луѓе контролирале буквално сѐ: од цената на компирите на кванташкиот пазар, до набавката на опрема за безбедносните служби.

Во една таква поставеност на работите, каде државата ја имала улогата на бескрупулозна машинерија за создавање пари и моќ на двајцата братучеди, од кои едниот е креатор а другиот извршител на злосторството против сопствениот народ, ништо нормално не ни можело да се случува.

Еден од луѓето кои на свој грб ја почувствуваа бескрупулозноста на мафијашкото здружение, Александар Диневски, не така одамна во еден свој фб статус напиша:

„Мaкедoнијa влегувa вo критичнa фaзa зa нејзинaтa стaбилнoст и безбеднoст. Фрчaт зaкaни нa сите стрaни. Хунтистите се зaкaнувaaт сo нoви мaсoвни aпсењa нa непoдoбните (“дoмaшните предaвници”) вo скoрo време сo пoмoш нa OЈO и ЈO зa oргaнизирaн криминaл, кaкo кoнтрaмеркa нa зaсиленaтa aктивнoст нa СЈO вo пресметкaтa сo криминaлците oд влaстa! Oд другa стрaнa, пoрaнешни и сегaшни зaтвoреници, жртви нa мoнтирaните прoцеси вo време нa груевизмoт, нaјaвувaaт oтвoренa пресметкa сo oние судии кoи и нaтaму ги штитaт припaдниците нa влaдејaчкaтa мaфијaшкa структурa применувaјки двoјни aршини вo пoстaпките! Темни oблaци нaдвиснaле нaд Мaкедoнијa…“.

Сигурен сум дека на 11-ти декември темните облаци нема целосно да бидат расчистени и растерани. За тоа ќе треба многу повеќе време, ослободени институции и многу поголем број освестени и охрабрени граѓани. Меѓутоа, овој датум може да значи почеток на градењето една поинаква држава. Оти ова што сега го имаме е имитација на држава креирана во болните умови на „суперфамилијата“.

Во секој случај, од нас зависи…

Автор:

Чеге Вара                                                  Прилеп, ебаго!…….(135)          

Прочитајте повеќе

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години Неопходен е надзор на родител или …