Стоп Полиција

Од билтенот на СВР Битола

Изминатиот викенд, на 10,11 и 12 октомври, полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, на подрачјето на СВР извршиле контрола на брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилата, користење сигурносен појас, користење мобилен телефон при управување возило и поседување на возачка дозвола.

Притоа, било констатирано дека 23 возила биле нерегистрирани, без возачка дозвола управувале 29 возачи, под дејство на алкохол биле 11 возачи и тие биле отстранети од сообраќај. Брзината не ја почитувале 113 возачи, сигурносен појас не користеле 5 возачи, а 8 зборувале на мобилен телефон.

За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Прочитајте повеќе

Обвинителството го обжали куќниот притвор за Асмир Јахоски

Обвинителството го обжали куќниот притвор за Асмир Јахоски

Незадоволно од ваквата одлука, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во …