Од почетокот на средбата Ковачевски - Петков: Дијалогот носи решенија за заедничка европска иднина

Од почетокот на средбата Ковачевски – Петков: Дијалогот носи решенија за заедничка европска иднина

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, во тек е средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.

На средбата во насока на продолжување на политичкиот дијалог воспоставен меѓу двете Влади присуствуваат и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Присутните изразија задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа.

Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …