Отворена анкета за нови имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје

Отворена анкета за нови имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје

Град Скопје денеска отвори анкета за граѓаните за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти).

Граѓаните може да испратат предлози на два начина – или преку онлајн прашалникот или пак преку класично писмо на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82. Анкетата, и преку интернет и преку класично писмо, ќе трае до и тоа до 18 август годинава.

Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје, која потоа ќе состави своја листа на имиња и ќе ја достави до Советот. Нема сите предлози од граѓаните да бидат прифатени и вклучени во оваа листа, објаснуваат од Град Скопје.

При нејзиното подготвување ќе се има предвид правичната застапеност на историјата, културата и науката на граѓаните кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …