Пендаровски го прими балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски

Пендаровски го прими балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој го освои златниот медал на Балканскиот полумаратон, што се одржа овој месец во Тирана.

Претседателот му честита на Ивановски за освоениот успех на балканското првенство и за поставувањето на нов национален рекорд.

Претседателот истакна дека успесите на македонските спортисти не само што треба да се поддржуваат, туку и охрабруваат. Тие се гордост на македонските граѓани, обединувајќи ги и мотивирајќи ги дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици, порача претседателот Пендаровски.

На средбата, Ивановски го запозна претседателот со неговите досегашни спортски успеси, како и со планираните активности и натпревари во идина.

Ова е втора титула балкански шампион на Дарио Ивановски и осми медал на балканијадите.

Прочитајте повеќе

Кој е новиот сопственик на „ФК Вардар“?

Кој е новиот сопственик на „ФК Вардар“?

Турчинот Атила Бијен Јалили, име непознато за фудбалската светска јавност, стана нов доминантен сопственик на …