Пленковиќ го разреши хрватскиот министер за одбрана кој предизвика сообраќајка со трагичен крај

Пленковиќ го разреши хрватскиот министер за одбрана кој предизвика сообраќајка со трагичен крај

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ беше разрешен во саботата на 11 октомври, откако е утврдено дека тој ја предизвикал сообраќајната несреќа во која загина едно лице, а тој исто така беше тешко повреден.

Министерот за одбрана Марио Баножиќ недозволено претекнувал камион кога удрил во комбе кое доаѓало од спротивниот правец, соопштија хрватските власти.

Возачот на комбето загинал во несреќата, а Баножиќ е хоспитализиран со тешки повреди.

„Го разрешив министерот Баножиќ од должноста министер за одбрана, имајќи ги предвид вонредните околности“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ набргу по објавувањето на првичните наоди за несреќата во источна Хрватска.

Несреќата се случила околу 6 часот наутро во сабота. Баножиќ (44) го возел својот личен автомобил и патувал сам.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

есм рек битола дзр

ДЗР ги разоткри катастрофалните злоупотреби со јавните набавки во АД ЕСМ

Државниот завод за ревизија објави скандалозен извештај кој открива фрапантни неправилности во планирањето, спроведувањето и …