„Ова е земја во која што се доцни со сè. Само се умира предвреме“ – почина Жарко Лаушевиќ

„Ова е земја во која што се доцни со сè. Само се умира предвреме“ – почина Жарко Лаушевиќ

На 63-годишна возраст почина познатиот Жарко Лаушевиќ, актерот кој навистина имаше живот како од филм

„Ја информираме јавноста дека нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување“, соопшти неговото семејство.

За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана, изјави неговата ќерка Анита Лаушевиќ.

Жарко Лаушевиќ е роден во Цетиње, Црна Гора во 1960 година. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој беше член на Југословенскиот драмски театар, каде играше улоги во голем број претстави. Дебитираше за филм во 1982 година, со улога во филмот „Прогон“. Брзо доби една од главните улоги во ТВ серијата „Сиви дом“ (1984), што му донесе голема популарност.

Играше улоги во повеќе од дваесет филмови и телевизиски серии, меѓу кои „Шмекер“ (1985), „Свечена обврска“ (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987), „Офицерот со розата (1987), „Браќа по мајка“ (1988), „Битка на Косово“ (1989), „Оригинален фалсификат“ (1991), „Подобро од трчање“ (1993), „Кажи ми зошто ме остави“ (1993 година)….

Неговите успех и слава беа прекинати во еден трагичен настан во 1993 година кога животот на Лаушевиќ се менува од корен. Тој и неговиот брат Бранимир беа нападнати од група хулигани во близина на бар во Подгорица, кога Лаушевиќ ги уби напаѓачите со пиштол и тешко рани млад човек, додека тој се приближуваше да им се придружи на напаѓачите. Српскиот актер беше осуден на 13 години затвор за двојно убиство.

Оваа пресуда подоцна беше укината, а на повтореното судење во февруари 1998 година, тој беше осуден на 4 години затвор за двојно убиство во самоодбрана. Бидејќи во тоа време тој веќе ја имаше издржано оваа казна, беше ослободен, по што се пресели во Њујорк, САД.

Но, Врховниот суд на Црна Гора, по жалбата на обвинителството во 2001 година, ја преиначи одлуката за казната и повторно изрече казна затвор од 13 години. На 3 јули 2009 година беше објавено дека Лаушевиќ е уапсен во САД, поради престој без виза и дека се разгледува неговата екстрадиција во Србија врз основа на меѓународна потерница издадена во 2002 година. Судот во Њујорк сепак донесе одлука за укинување на притворот на Лаушевиќ.

Лаушевиќ беше помилуван на 29 декември 2011 година, а српскиот пасош му беше врачен на 1 февруари 2012 година од страна на тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.

За неговиот живот е снимен и филмот „Лауш“ (2014) по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ.

Лаушевиќ ја објави својата книга „Годината минува, денот никогаш” (2011) пишувана во неговата затворска келија, која содржи многу искрени мисли кои со години се цитираат.

„Ова е земја во која што се доцни со сè. Само се умира предвреме“, гласи една од нив.

Продолжението „Втора книга“ го објави во 2013 година. Третата книга, „Сè ќе мине, па и доживотната“ (2018) претставува дневник од затворот во Забела во Пожаревац каде што помина 2,5 години, по што казната ја служеше во Спуш.

По враќањето од САД, Лаушевиќ не застана. Тој одигра неколку улоги, а големо враќање на актерската сцена направи со улогата во филмот „Смрдлива бајка“ и во серијата „Калкански кругови“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат

Стотици луѓе во групи на социјалните мрежи раскажуваат негативни искуства со продавници кои ги наоѓаат …