Почнува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија „ЕВН Хоум“

Почнува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија „ЕВН Хоум“

Од денеска стартува со работа универзалниот снабдувач на електрична енергија „ЕВН Хоум“, информираат од компанијата.

„Новооформената компанија ќе ги снабдува со електрична енергија корисниците кои не избрале снабдувач на либерализираниот пазар. Поточно, отсега „ЕВН Хоум“ ќе ги опслужува сите домаќинства и бизниси со помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра кои не избрале свој снабдувач“, се вели во соопштението.

ЕВН беше избрана како најповолен понудувач на јавно наддавање и како универзален снабдувач на регулираниот пазар ќе работи според фиксна маржа дефинирана од тендерската процедура во наредните пет години.

Корисниците на „ЕВН Хоум“ ќе продолжат да ги добиваат истите услуги како и досега, користејќи ги истите поволности, дополнителни услуги и канали за комуникација.

На располагање и понатаму им стои контакт центарот на три јазици и 24 часа дневно, приемните канцеларии во Корисничките енерго центри низ државата како и сите наплатни места.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава голем број шумски пожари повеќепати излегоа од контрола низ целата земја, а како одговор …