Театарската претстава „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, следниот месец ќе се игра во неколку градови во нашата држава.
Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус.
Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање, во очекување на доаѓање на министерот, е ангажиран дизајнер.
Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.
View this post on Instagram
Според продуцентот на претставата, засега е договорено нејзино прикажување во Штип, Битола, Куманово, Охрид и Пробиштип.