Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во официјална посета на Скопје

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во официјална посета на Скопје

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Според агендата, по средбите ќе следува прес-конференција.

За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе се запознае со плановите и развојот на способностите на Армијата на Република Северна Македонија, процесот на трансформација и опремување, како и со учеството на Армијата во операциите и вежбовните активности.

Во текот на денот, адмирал Бауер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Бауер ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде ќе присуствува на дел од предвидените активности на баталјонот на специјални сили, а следниот ден ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде ќе одржи предавање пред припадниците на Генералштабот и Воената академија.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија