дожд врнежливо време

Врнежливо со пороен дожд, во текот на неделата стабилно и посвежо време

Во утринските часови од денешниот ден ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои претежно на исток и југоисток ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до силен северен ветер со брзина над 60 км/час, најизразен во горниот тек на Повардарието и западните делови.

Утре ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб до умерен дожд, со услови за појава на ретки грмежи во западните и јужните делови од земјата. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо.

Прочитајте повеќе

Ценовен шок: Бизнисот стравува, Владата ја следи ситуацијата

Ценовен шок: Бизнисот стравува, Владата ја следи ситуацијата

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок во Македонија? Бизнисот прави …