Рикер во посета на Охрид од први јули, ќе се сретне со Заев и Османи

Рикер во посета на Охрид од први јули, ќе се сретне со Заев и Османи

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, ќе го посети Охрид од први до трети јули, соопшти канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот.

Рикер, претходно ќе патува во Италија и Албанија.

„На први јули, амбасадорот Рикер ќе пристигне во Охрид, каде ќе присуствува на конференцијата `Пат до Преспа`( Road to Prespa), за да ја истакне поддршката на САД за продолжен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот. Во Охрид, заменик-помошникот државен секретар Рикер ќе се сретне со премиерот Заев, министерот за надворешни работи Османи, и други високи официјални лица, за да разговараат за нашите заеднички приоритети за Западен Балкан“, изјавија од канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот.

Извор: VOA

Прочитајте повеќе

полиција

Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран

Осомничениот бил брат на убиениот маж Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по …