Започна реконструкција на шеталиштето од гостилницата „Кај жабарот“

Започна реконструкција на шеталиштето од гостилницата „Кај жабарот“

Екипите на Град Скопје започнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градскиот парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај жабарот“, па сѐ до почетокот на влезот во паркит, кај Министерството за земјоделство, спроти паркот на Франкофонијата.

„Во должина од 140 метри и ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед“, соопштија од Град Скопје

Додаваат дека, ова не е прва активност кога станува збор за реконструкција на јавните простори во градот, поточно кејот на Вардар и Градскиот парк. Покрај целосно исчистеното корито на Вардар од хотелот „Александар Палас“ до Аеродром, Град Скопје е во завршна фаза и со реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13-ти Ноември“, а во тек е и обновувањето на пешачките патеки во вториот дел од Градски Парк, каде веќе се обновени и сите пешачки мостови.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …