Одговор на Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ, на новинарско прашање за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот за попис:
- Пописот е статистичка операција, пописот не е избори и не се гласа и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да имаат страв од одржувањето на пописот. Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот значи и повикување на непочитување на законите. Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот.