Шекеринска од Брисел: Членството во НАТО станува реалност за Македонија

Шекеринска од Брисел: Членството во НАТО станува реалност за Македонија

На министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вчера во седиштето на Алијансата и’ биле презентирани просториите каде што ќе биде сместена мисијата на нашата држава, како полноправна членка, информираат од Министерството за одбрана.

– Денеска имав прилика да бидам првиот претставник на нашата Влада кој што влезе во просториите кои НАТО – Алијансата ги подготви за својата 30. членка. Тоа покажува дека сите наши подготовки течат според планот и тоа покажува дека сме добредојдени во најмоќниот воено – политички сојуз – рече министерката во изјавата дадена по посетата.

Министерката додаде дека на средбите со министрите за одбрана на сите земји – членки на Алијансата во текот на дводневните состаноци можело да се слушне истата порака – очекувањето Северна Македонија што поскоро да стане полноправен член на НАТО.

На сесијата на Северноатлантскиот совет, министерката Шекеринска порача дека планот за одвојување на два проценти од бруто – домашниот производ за одбраната до 2024 година се реализира и дека во 2020 година следува уште едно зголемување на одбранбениот буџет.

– Македонија е сериозен партнер кој што го испорачува тоа што ќе го најави и тоа што ќе го вети. Две години по ред го зголемувавме издвојувањето за одбраната и следната година, исто така, обезбедивме повисок буџет за нашата одбрана и за нашата Армија – посочи министерката.

На сесијата посветена на мисијата „Одлучна поддршка“, Шекеринска порача дека земјата останува посветена на демократизацијата, безбедноста и мирот во Авганистан и дека припадниците на Армијата ќе продолжат да придонесуваат во оваа мисија, во која нашата земја учествува од самиот почеток на првата НАТО – мисија, ИСАФ, во 2002 година.

На маргините на Северноатлантскиот совет, пак, продолжија билатералните средби со министрите од земјите – членки на Алијансата. Шекеринска се сретна и со италијанскиот министер за одбрана, Лоренцо Гуерини, како и со министерот за одбрана на Австрија, Томас Старлингер.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …