Што се крие зад мировната иницијатива на Саудиска Арабија?

Што се крие зад мировната иницијатива на Саудиска Арабија?

Саудиска Арабија викендов е домаќин на меѓународна конференција за војната во Украина. Зошто таа се залага за мир и кој би имал корист од тоа?

Претставници на триесетина влади се поканети на разговори во саудискиот град Џеда на 5 и 6 август. Меѓу нив се земји од БРИКС, Бразил, Индија и Јужна Африка, како и други земји од глобалниот југ како Индонезија, Мексико, Замбија и Египет. Но, и владите на Велика Британија, Полска и претставници на Европската унија веќе потврдија учество, а уште е неизвесно дали ќе дојде Кина. Русија не е поканета.

Зошто Саудиска Арабија организира конференција за Украина?

„Иницијативата доаѓа во момент кога Саудиска Арабија сака да се позиционира како двигателна сила за разговори и решавање судири“, вели Симон Енгелкес, консултант за Блиски Исток во германската фондација Конрад Аденауер. Традиционално, Саудиска Арабија секогаш беше сојузник на Западот, посебно на САД. Ријад исто така има добри односи со Пекинг и со Москва, иако неодамна дојде донапнатости со Кремљ во рамките на ОПЕК+поради тоа што Русија не се придржуваше на договореното намалување на производство на нафта.

Односите со Западот исто така се затегнати веќе извесно време. За тоа придонесува војната во Јемен во која е вклучена Саудиска Арабија, како и состојбата на човековите права во апсолутистичката монархија со конзервативен исламски карактер. Бруталното убиство на саудискиот дисидент Џамал Кашоги во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул, за кое Западот го сомничи саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, трајно го наруши угледот на кралското семејство.

украински војници во Бахмут
Конференцијата во Џеда тешко дека ќе доведе мир во војната во Украина – украински војници во Бахмут

Бидејќи Саудиска Арабија досега профитираше од санкциите против Русија и последователниот пораст на цените на нафтата, конференцијата за војната во Украинаби можела во прв ред да биде прашање на престиж. „Престолонаследникот сака да ја зајакне дипломатската улога на кралството како регионална сила. Тоа се огледа во политиката на приближување, со што тој се обидува да ги ублажи тензиите со долгогодишните непријатели Иран и Јемен“, вели Енгелкес.

Што може да се очекува од мировниот самит во Саудиска Арабија?

Никој не очекувавистинско придвижување за мировен договор во Украина –веќе и поради тоа што на самитот не е поканета Русија. Тука е и фактот што многу од присутните држави, иако го осудуваа кршењето на територијалниот интегритет на Украина, досега се колебаа да заземат јасен став против Русија – на пример во форма на воведување санкции против Москва.

Емануел Макрон Мохамед бин Салман
Состанок со францускиот претседател Емануел Макрон во јуни 2023: дипломатска „офанзива на шарм“ на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман

Нивното учество Енгелкес го гледа како знак дека двете земји сега се залагаат за окончување на судирот кој, освен на завојуваните страни, посебно му штети на глобалниот југ: „Тоа што сега во Џеда мировниот план од десет точки на украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде темел на разговорите, може да се процени како знак за поддршка на Украина“.

Какво значење има конференцијата во Џеда настрана од украинската војна?

Според зборовите на стручњаците, она што во Европа може да изгледа како дипломатско коцкање на Ријад, претставува нешто сосема друго. Себастијан Сонс од тинк тенкот КАРПО за Блиски Исток во Бон, за германскиот јавен телевизиски сервис ЦДФ изјавидека на војната во Украина во Саудиска Арабија се гледа како на внатрешен европски конфликт. Острите акции преземени против Русија таму тешко можат да се разберат, посебно што кралското семејство се чувствува „напуштено“ во судирот со Иран, вели тој. „Овие различни начини на решавање на судири се перципираат како двојни стандарди во Саудиска Арабија“, вели Сонс.

И Енгелкес во саудиската иницијатива гледа прагматичен, неидеолошки поглед на економската и безбедносната политика. Во принцип, Ријад со тоа испраќа добар знак, меѓу другото и затоа што силно учество на глобалниот југ овозможува излез од блоковското размислување „Русија против Запад“, смета Енгелкес.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …