Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил регистриран синоќа 17 минути после полноќ, а епицентарот се наоѓал 173 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија
Земјотрес со локална магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа се случил во Албанија. Земјотресот го регистрирала и телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија на сеизмолошките станици инсталирани ширум земјава и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил регистриран синоќа 17 минути после полноќ, а епицентарот се наоѓал 173 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.
Според опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
За земјотресот информираше и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, од каде објавија дека епицентарот на земјотресот бил на 22 километри југозападно од градот Елбасан во Албанија.
#Earthquake (#tërmet) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M3.0 || 22 km SW of #Elbasan (#Albania) || 5 min ago (local time 00:23:28). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/1Y21ScoOW1
— EMSC (@LastQuake) January 13, 2024