„Сите против коронавирусот“ – голема хуманитарна акција на СДСМ – Прилеп

Соопштение на ОО на СДСМ Прилеп:

Општинската организација на СДСМ-Прилеп, под мотото „Сите против коронавирус“, денеска започна со спроведување на голема хуманитарна акција, со која на социјално загрозени семејства, самохрани родители, стари и изнемоштени лица ќе им бидат донирани над 1.000 пакети со намирници за храна и средства за хигиена.

Почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот, на околу 100 семејства од населбата Варош денеска им беа донирани хуманитарни пакети.

Хуманитарната акција продолжува и во наредните денови, во градот и населените места од општина Прилеп, каде има семејства и граѓани од социјален ризик.

Во овие тешки околности за нашиот град и за државата, повикуваме и поттикнуваме на солидарност и хуманост. Сите заедно да им помогнеме на ранливите, болните, сиромашните. Да покажеме лична одговорност и да водиме грижа еден за друг. Да ги почитуваме мерките за заштита и заедно да ја победиме пандемијата на коронавирусот.

Прочитајте повеќе

Секогаш кога се ближат изборите, се влошува говорот на омраза на етничка основа во медиумите

„Слободата на медиумите е неотуѓиво право“ според Етичкиот кодекс на новинарите е едно од основните …