Monoracer

Словенечката полиција со интересен „улов“ – Monoracer

Полицијата во Мурска Собота на својот Фејсбук профил се пофали со својот необичен „улов“.

При рутинска контрола го запреле возачот на едно необично возило кое привлекло вниманието на полицајците.

Тие направиле неколку фотографии, по што возачот бил ослободен бидејќи не направил никаков прекршок.

Како што пишуваат словенечките медиуми, се работи за модел Monoracer од чешката компанија Peraves, кој чини 80.000 евра.

Затворениот мотоцикл е тежок 676 килограми и го придвижува електричен мотор со 173 КС и 200 Nm вртежен момент, благодарение на што достигнува 100 km/h за помалку од пет секунди.

Капацитетот на батеријата е 28,5 kWh, што овозможува домет до 400 километри. Батеријата се полни до 80 проценти за три и пол часа.

Прочитајте повеќе

bmw x1

BMW ги претстави целосно новиот BMW X1 и првиот досега BMW iX1

Моделот за влез во светот на BMW X сега е попривлечен од кога било. Во …