Смртна казна за атентаторот во синагогата во Питсбург

Смртна казна за атентаторот во синагогата во Питсбург

Речиси пет години по нападот на синагога во Питсбург, сторителот сега е осуден на смрт. Единаесет луѓе беа убиени во ова најтешко антисемитско злосторство во историјата на САД.

Смртна казна му беше изречена во средата (02.08.2023) на човекот кој уби 11 лица во синагогата во центарот на Питсбург во САД во 2018 година, што е најтешкиот антисемитски напад во историјата на земјата.

Убиецот Роберт Бауерс, најпрво поттикнувал омраза против Евреите на интернет и пропагирал екстремистички верувања пред, по внимателно планирање, да изврши масакр во синагогата „Дрво на животот“, каде што биле членови на три конгрегации.

Бауерс, возач на камион од предградието, тогаш рани двајца верници и пет полицајци кои дојдоа да интервенираат поради нападот.

Федералната порота која донесе одлука за смртна казна го прогласи Бауерс (50) за виновен за 63 кривични дела. Поротата едногласно утврди дека нападот на Бауерс бил мотивиран поради неговата омраза кон Евреите и дека тој ја избрал синагогата како најголема и најважна во САД за „да го максимизира уништувањето, да предизвика што поголема болка и да влее страв во локалните, националните и меѓународните еврејски заедници“.

Поротата утврди дека Бауерс не покажал каење.

Роберт Бауерс е осуден на смрт
Роберт Бауерс е осуден на смрт

Федералните обвинители веруваат дека смртната казна за Бауерс е соодветна поради ранливоста на неговите жртви, главно постари лица, и неговата омраза кон целата верска заедница.

Ова е прва смртна казна изречена на федерално ниво откако Џозеф Бајден стана претседател на САД во 2020 година.

За време на кампањата, Бајден вети дека ќе ја укине смртната казна, а американското Министерство за правда воведе мораториум на извршување на веќе изречените смртни казни.

Прочитајте повеќе

„Челичниот брат“ Ши во Србија

„Челичниот брат“ Ши во Србија

Претседателот Ши Џинпинг пристигнува во Белград на симболичен датум. Во Србија кинеските компании имаат бројни …