Состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина

Состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина

Соединетите држави во минатата недела испратија барање денеска да биде одржан состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина на 31 јануари. Во соопштението на американската мисија во Обединетите нации во петокот се наведува: „Сега е потребно целосно внимание на Советот и со нетрпение очекуваме директна и намерна дискусија во понеделник“. Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд вчера вети дека Советот за безбедност ќе изврши силен притисок врз Русија, додавајќи дека и другите членки се обединети во ставот да бараат објаснување од Русија. „Влегуваме во просторијата подготвени да ги сослушаме, но нема да не вознемирува нивната пропаганда“, изјави таа.

Американската дипломатска мисија тврди дека акциите на Русија во близина на украинската граница претставуваат „јасна закана за меѓународниот мир и безбедност и Повелбата на ОН“. Американските дипломати повторија дека околу 100.000 руски војници распоредени во пограничните области се закана и ја обвинија Русија за „вклучување во други дестабилизирачки акти насочени кон Украина“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ваквите извештаи ги нарече празна и неоснована ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува никаква закана за никого. Песков истакна дека може да се случат провокации за да се оправдаат таквите тврдења и предупреди дека таквите обиди ќе имаат најсериозни последици.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Репортажа од Берлин: “Das Unbeschreibliche, hier ist’s getan” (Неописливото, се случи овде) Салата во Берлинската …