Српската полиција во акција против фудбалските хулигани

Српската полиција во акција против фудбалските хулигани

Српските власти соопштија дека уапсиле 17 лица во акција против криминален синдикат поврзан со хулигани кои го поддржуваат фудбалски клуб „Партизан“ од Белград.

„Апсењата беа резултат на заедничка операција на српската полиција и разузнавачката агенција“, изјави министерот за внатрешни работи Александар Вулин, додавајќи дека осомничените се обвинети за убиство, изнуда и трговија со дрога. Официјалниот полициски службеник, Нинослав Цмолиќ, рече дека „демонтираната криминална група се криела зад група навивачи на фудбалскиот клуб Партизан“.

Дел од српските навивачи беа обвинети дека го користеле спортот како фронт за вмешаност во организиран криминал. Во последниве години, во Србија беа забележани низа убиства на членови на групи на навивачи на фудбал.

Водачот на навивачите на Партизан, Вељко Беливук, со прекар „Веља Невоља“ и неговиот близок соработник Марко Миjковиќ, беа меѓу уапсените во рацијата. Беливук бил поврзан со криминална активност во минатото, но, наводно, успеал да избегне гонење поради неговите врски со некои политичари.

Вчера српската полиција со лисици на рацете во просториите на ФК „Партизан“ донела еден од уапсените, со кој подоцна направиле обиколка околу стадионот, каде тој на полицијата и’ покажувал одредени локации.

„Постои сомневање дека навивачот Горан Величковиќ е убиен на стадионот на ‘Партизан’ или во негова близина и дека нему после злочинот му е отсечена главата. Освен тоа, постојат оперативни информации дека на стадионот било криено оружје, но и други материјални докази“, велат извори од полицијата, кои додаваат дека под опсада вчера бил и стадионот на „Црвена Ѕвезда“.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …