Струга: Трибина на Здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ по повод Светскиот ден за борба против ракот и Меѓународниот ден на децата болни од рак

Струга: Трибина на Здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ по повод Светскиот ден за борба против ракот и Меѓународниот ден на децата болни од рак

По повод 4 февруари, Светскиот ден за борба против ракот и 15 февруари – Меѓународен ден на децата болни од рак, Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ во Струга ќе одржи трибина со наслов „Превентивата е прв чекор во борба со ракот”.

На трибината ќе говорат Петра Лукароска, претседателка на здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, д-р Арменд Арслани, директор на Општа болница во Струга, д-р Мајлинда Шеји Скендери, специјалист гинеколог акушер, д-р Ферид Салкоски, специјалист педијатар и м-р Маја Талеска Василеска, психотерапевт во едукација.

Трибината ќе се одржи во петок, 2 февруари со почеток во 13:00 часот, во салата на Советот на Општина Струга.

Прочитајте повеќе

Агенција за храна АХВ

АХВ казнила продавачи на сирење на пазарчето во Буњаковец и месар во Прилеп

По надзорот на пазарот во Скопје, инспекторите на Агенцијата уништиле 8 килограми сирење, 2 килограми …