твитер

Твитер: Контролата е целосно во рацете на Маск

Илон Маск брзо ја обезбеди целосната контрола над онлајн платформата Твитер. Врвните менаџери беа отпуштени, Управниот одбор – распуштен, а Твитер тргнат од берзата. Сега Маск е „единствен директор“.

Социјалната мрежа која има глобално значење е во рацете на еден човек – Илон Маскја презема целосната контрола над американската платформа Твитер. Со оглед на тоа што го трга Твитер од берзата, Маск веќе не мора да дава информации за развојот на бизнисот.

Шефот на компанијата за електромобили Тесла и најбогатиот човек во светот веќе ги отпушти врвниот менаџери во Твитер, а го распушти и Управниот одбор, најважното контролно тело. Илон Маск сега е „единствениот директор“ на онлајн платформата, стои во информација на Твитер испратена до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Управниот одбор во американските концерни е мешавина од раководството на компанијата и надзорниот одбор. Задачите на телото вклучуваат, меѓу другото, избор, советување и контрола на врвниот менаџмент, како и носење фундаментални одлуки за насоката и развојот на компанијата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …