Уникатно и во свој стил – Калина Велковска - Кали со „4“ се пласираше во финалето на „Макфест 2021“

Уникатно и во свој стил – Калина Велковска – Кали со „4“ се пласираше во финалето на „Макфест 2021“

Вчера вечер започна триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“, на отворената сцена поставена во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип. Честа да го отвори овогодинешното издание и припадна на прекрасната Калина Велковска – Кали.

Шармантната Калина Велковска – Кали, која веќе долги години е на музичката сцена, оваа година реши да се претстави и на Макфестовската сцена, со една многу поинаква музичка нота. Покрај настапите кои ги има досега, како на светското талент шоу „The Voice“, дел од евровизиските тимови и дел од многу различни концерти, оваа година Калина за свој музички предизвик го зема претставувањето на „Макфест 2021“.

„4“ е уникатна композиција со лична нотна приказна, која буди емоции. Музиката и текстот на песната се дело на Сара Мејс, додека пак аранжманот и аудио продукцијата се на Иван Петровски, а режијата му беше препуштена на Зоран Зонде Стојановски.

Пасијата кон музиката и соживувањето со секоја една нота, ја прави Калина уникатна во нејзините изведби. Енергијата која Калина ја пренесе на овогодинешното издание на „Макфест“ е незаменлива и посебна. Според неа, кога некој прави музика, мора секогаш да бара нови начини како тоа совршено да го сподели со светот.

Калина Велковска – Кали со својата композиција „4“ ги маѓепса жирито и публиката и успеа да се пласира во финалната вечер на „Макфест 2021“, на која ќе се натпреварува за првото место.

Еуфоријата и желбата за победа сега се поголеми, а наше е да ја бодриме и вечерва талентираната Калина, која ќе се натпреварува со сите финалисти, и да и помогнеме да го постигне максимумот.

Видео спотот на песната „4“ официјално излезе на YouTube платформата веднаш по настапот на Калина. Уживајте во видео записот и убавата мелодија.

Прочитајте повеќе

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

„Домаќинство за почетници“ може да се погледне на 19ти и 20ти јули во Кинотеката на …