Утврдени 143 нови случаи на ковид-19, починале двајца пациенти

Утврдени 143 нови случаи на ковид-19, починале двајца пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19: Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие, пријавени се и двајца починати пациенти, на 31-годишна и на 70-годишна возраст. Обајцаа се од Тетово, а починале в болница.

Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 1.

Досега во земјава се направени вкупно 1.022.293 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дали законите за работа на клубовите ќе ја амнестираат одговорноста?

Дали законите за работа на клубовите ќе ја амнестираат одговорноста?

Шеснаесетмина се во притвор за пожарот во кочанската дискотека. Градоначалникот не е осомничен иако има …