Витаминка на саемот ISM во Келн

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Витаминка и овој пат својот асортиман го претставува на саемот ISM Келн во Германија, еден од најважните настани за кондиторски производи и закуски. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, присуството во Келн е можност за стекнување нови пазари, но и за следење на новите трендови во индустријата.

„ISM Келн претставува собир на најголемите и најзначајните компании од секторот и тука се презентираат трендовите, иновациите и перспективите во оваа индустрија. Освен иницијалните контакти, воспоставување релации и партнери за нови пазари, ова е главниот фокус на нашето присуство тука и очекувани придобивки. Дополнително како компанија од Македонија со претставувањето на производите на Витаминка го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава, што е дополнителна предност. И оваа година нашето претставување помина успешно и ја исполнивме целта“, изјави Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка.

Саемот ISM ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Присутни се повеќе од 1200 изложувачи од повеќе од 70 земји од целиот свет.

Прочитајте повеќе

А што ако Бајден навистина се откаже?

А што ако Бајден навистина се откаже?

Се множат знаците дека американскиот претседател Џо Бајден може да се повлече од претседателската трка. …