влада

Владата денеска ќе ја одржи редовната 37 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи редовната 37 седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, ќе се разгледуваат Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, како и предлог за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Пред министрите ќе се најде и Информација за Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Северна Македонија за периодот 2021-2025 година, со Програмска рамка, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …