Куршумли ан

Владата го прогласи Куршумли ан за културно наследство од особено значење

На денешната седница, Владата донесе одлука со која Куршумли ан во Скопје го прогласи за културно наследство од особено значење.

Со оваа одлука на предлог на Управата за заштита на културното наследство, Куршумли Ан кој е изграден во средината на ХVI век, и кој претставува споменик на културата се овозможува трајно зачувување на Анот во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли Ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши, или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …