пожар

Во Грција беснеат шумски пожари, властите евакуираа 1.200 деца

Се интензивира пожарот кој пеплоса шуми северно од Атина, додека пожарите на југоисток и на запад ослабнаа во текот на ноќта, соопштија грчките власти, пренесе Ројтерс.

Пожарот што неконтролирано беснееше изгоре шума во областа Дервенохорија на околу 30 километри северно од Атина, изјави претставник на противпожарната служба. Уште еден пожар што прво избувна вчера во селото Куварас, околу 27 километри југоисточно од грчката престолнина, денес ослабнува. Тој брзо се прошири во крајбрежните градови Анависос, Лагониси и Саронида, принудувајќи ги луѓето да ги напуштат своите домови.

Сепак, 230 пожарникари потпомогнати од 76 противпожарни возила и пет хеликоптери сè уште работат на различни места во областа, изјави претставник на грчката противпожарна служба.

„Силите за цивилна заштита се бореле цела ноќ“, рече Јоанис Артопојос, портпарол на грчката противпожарна служба, на телевизиски брифинг, додавајќи дека екипите се сменети за да го скротат огнот на повеќе фронтови.

Градоначалник за грчката телевизија изјави дека повеќе од 7.000 хектари земја е претворена во пепел долж брегот, каде што многу Атињани имаат викендици.

Густ бел чад беше видлив од Атина и додека трет пожар гореше во близина на приморското одморалиште Лутраки, на околу 80 километри западно од главниот град

Грчките власти во понеделникот евакуираа 1200 деца од камповите за одмор загрозени од шумски пожари што горат во близина на приморското одморалиште Лутраки, изјави градоначалникот на градот.

„Спасивме 1.200 деца кои беа во камповите за одмор“, изјави Јоргос Гкионис за приватниот телевизиски канал Скај, откако шумските пожари избувнаа од силните ветрови во близина на Атина.

Грчката метеоролошка служба предупреди на висок ризик од пожар оваа недела, токму во моментот кога земјата се опоравува од првиот голем топлотен бран во летото. Втор топлотен бран се предвидува кон крајот на оваа недела.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Хрватска: ХДЗ е победник - следува постизборна математика

Хрватска: ХДЗ е победник – следува постизборна математика

Формирањето влада нема да биде едноставно: според привремените изборни резултати, ХДЗ е на прво место …