ЗАФАТ НА РЕК „БИТОЛА“ ВО КОТЛАРАТА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЗА ПОДОБРА ГРЕЈНА СЕЗОНА

ЗАФАТ НА РЕК „БИТОЛА“ ВО КОТЛАРАТА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЗА ПОДОБРА ГРЕЈНА СЕЗОНА

Стручен тим од РЕК „Битола“ помогна да се отстранат дефектите и да се подобри работењето на котларата во битолската Клиничка болница. Зафатите што РЕК „Битола“ ги изведе во болницата изнесуваат 20.000 евра. Со ова, болницата „Д. Трифун Пановски“ без проблеми ќе ја дочека грејната сезона и веќе нема да има загуби од пареа и вода во системот за греење.

„По обраќањето на Клиничката болница до стручниот колегиум на РЕК ‘Битола’ за проблематиката што ја имаат во котларата, стручен тим на РЕК ја констатира состојбата и со опрема изведовме одредени зафати. Се санираа повеќе цевководи, колектори, како и опшивката на котелот. Мислам дека со ова РЕК ‘Битола’ придонесе за општото добро на пацинетите и другите граѓани од Битола и регионот. Со оваа санација се овзоможи да се намалат загубите што ги имаа во болницата во однос на пареа, вода, се создадоа услови за добра грејна сезона“, изјави м-р Пеце Матовски, координатор за електро-машинско одржување во РЕК „Битола“.

Директорот на Клиничката болница, др. Зоран Лазаров им се заблагодари на ЕСМ и РЕК „Битола“ за понудената рака во реновирање на котларата.

„Ние имаме проект за греење, ладење и вентилација на болницата кој го подготвува Кралскиот институт од Шведска. До реализација на тој проект, за што е потребно време, го решивме горливот проблем со котларата, го решивме проблемот со греењето и со добивањето на топла вода во Клиничката болница “, рече Лазаров.

И во минатото, РЕК „Битола“ интервенираше на одржување на системот за греење во болницата во текот на зимата. Оваа годинава направени се превентивни зафати за да се избегнат слични ситуации.

Зафатите во битолската Клиничка болница се дел од активното практикување на општествената одговорност на АД ЕСМ и РЕК „Битола“.

Извор: АПЛА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …