ЗАЈДИСОНЦЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА

ЗАЈДИСОНЦЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА

Колумната не се препорачува за деца под 77 години

Неопходен е надзор на родител или старател

 

Битола требаше да има оперска куќа. Ама нема.
Прилеп требаше да има затворен базен. Ама нема.
Скопје не требаше да има споменици. Ама има.
Грујо требаше да биде во затвор. Ама не е.
Заев требаше да биде премиер. Ама не е.
Македонија не требаше да биде тиранија. Ама е.

Во нашата “библиска“ земја ништо не е како што треба да е. Четири месеци после изборите Собранието сѐ уште не е конституирано. Техничката Влада функционира надвор од сите закони, со нелегитимен премиер и тројца подеднакво нелегитимни министри. Имаме “татко на нацијата“ кој не само заради нашата перцепција, туку уште повеќе заради јавно искажаното мислење на релевантни западни дипломати, претставува фактор на нестабилност во државата. Македонија има и претседател на партија, екс-премиер и осомничен криминалец, кој врши злоупотреба на сите државни и партиски ресурси само за да го избегне невозможното – долгогодишната робија. Конечно, како финале на сценариото на злосторничкото здружување беше ангажирањето на дузина режимски платеници од типот на Бетмен, Дамовски и Дурлоски, чија задача е преку организирањето протести да креираат тензична атмосфера и јакнење на албанофобијата.

И кога сето ова е констатирано не само од домашната критичка јавност, туку и од меѓународни институции и високо позиционирани странски дипломати, тогаш е јасно дека состојбата во државата е далеку од релаксирачка.

Грујо и неговата инкриминирана свита немаат намера да ја предадат власта, бидејќи во тој случај ќе изгубат и две многу позначајни работи: партијата и слободата! Оттаму нивниот активен ангажман во создавањето контролиран хаос е сосема разбирлив и предвидлив. Од причина што друг избор и немаат, тие нема што да изгубат. Секое сценарио кое ќе придонесе да останат ден повеќе на слобода, подразбира продолжување на 11 годишната континуирана пљачка. Нивниот макијавелистички пристап во одбивањето да ја предадат власта е играње со нервите и трпението и на новоформираното парламентарно мнозинство, но уште повеќе со огромната бројка граѓани кои на последните избори го дадоа својот глас за промени.

Она што на партијата која сѐ уште е власт ѝ дава ветар во грб и ја охрабрува да продолжи со своето антиуставно и антидржавно однесување, е преголемата воздржаност и толерантност на меѓународната заедница и албанскиот политички фактор, конкретно на ДУИ. После 9 години “брак“, никој подобро од Али Ахмети и неговите соработници не ги знае аномалиите во владеењето на Фамилијата, ниту пак некој може подобро од нив аргументирано и документирано да посведочи за неуспешните преговори за составување на идната Влада и да ја демистифицира таканаречената “платформа“.

Што се однесува, пак, до официјален Брисел и Вашингтон, не може да се каже дека кај нив постои незаинтересираност за збиднувањата на нашата политичка сцена. И не само тоа, туку пораките кои нивните емисари ги упатуваат до генераторите на кризата, Иванов и Груевски, се прилично остри, речиси недипломатски. После вчерашниот последен неуспешен обид на Даниел Туск да го вразуми Хорхе, се чини дека ќе следуваат и конкретни чекори. Со оглед на тоа што е сосема извесно оти нема да бидат радикални, ефектот од нивното воведување уште отсега го земам со голема резерва.

Скоро и да не постои граѓанин на нашата држава кој не е убеден во постоењето на огромен број докази за мафијашкото владеење на Грујо и ДПМНЕ. Во време кога македонската демократија е на заоѓање, секое тактизирање со фактите кои можат да бидат клучниот фактор во разврзувањето на “Гордиевиот јазол“, е директна помош за продолжување на агонијата. Од тие причини и натаму постои простор за оптимизам дека во разумен рок, Македонија може да го продолжи патот кој го одеше до пред десетина години. Ако постои желба, двете физички пречки кои стојат на тој пат можат да бидат поништени и како со гума избришани. Во спротивно, кризата ќе се продлабочува, масовната психоза ќе добива на интензитет а националистичката реторика ќе зема сѐ поголем замав.

Препорака: Демагошко-пропагандистичките флаерчиња од марката “Манифест“ во кои домашните приврзаници на национал-социјалистичката идеја пропагираат „национално обединување, владеење на правото, дијалог меѓу власта и опозицијата, спроведување на попис“, сфатете ги онака како што единствено и треба да бидат разбрани – како тоалетна хартија!

Автор:

Чеге Вара                                             Прилеп, ебаго!…….(146)

Прочитајте повеќе

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години Неопходен е надзор на родител или …